Откако Америка стави забрана за продажбата на Huawei, компанијата се соочи со последици од глобален карактер. Имено, ваквиот потег од страна на Америка, ги запре сите амбиции на компанијата кон светскиот пазар. Иако Huawei сѐ уште галопира во Кина, нивните амбиции на глобално ниво се на пауза.
Америка во сила ја стави забраната во момент кога Huawei го престигна Apple и дојде на второто место во продажба на мобилни телефони на глобално ниво, веднаш по гигантот Samsung.
Сега кога Huawei е виртуелно надвор од трката. Се прашуваме кој ќе го преземе нивното место како најбрзорастечки производител на смартфони.
Според Androidauthority.com тоа место за сигурност ќе го преземе веќе нашироко познатата Xiaomi или на кратно MI.
Во истражувањето коешто го спроведе Androidauthority.com во кое беа опфатени 2047 гласачи јасно може да се види популарноста на Xiaomi.
79,1% од гласачите се во прилог на Xiaomi, додека 21% мислат дека компанијата нема да ги достигне висините коишто моментално сѐ уште ги има Huawei.
Xiaomi иако е релативно нов играч, веќе сериозно се има покажано на светскиот пазар. Во Индија е на прво место веќе подолго време, а во последно време се пробива и на европскиот пазар како што на пример е Италија, каде што е позиција пред Apple, Samsung i Huwei.
Исто така, компанијата се впишува и во листата на најпопуларни смартфони во првиот квартал на 2020. Xiaomi во листата има два смартфони од нивниот каталог, додека гигантот Samsung во истата листа има четири. Huawei од другастрана нема ниту еден.
Сега, засега бројките се многу позитивно наклонети кон Xiaomi. Останува да видиме дали така ќе продолжи и во остатокот на годината. Ако е тоа вистина, дефинитивно очекуваме Xiaomi да стане новиот Huawei!
Извори: https://www.androidauthority.com/xiaomi-huawei-poll-results-1119051/