Неофицијални спецификации и цена за новиот Redmi 9 !

Xiaomi сѐ уште го нема претставено официјално најновиот уред Redmi 9, но за него веќе има информации. Речиси сите спецификации и информации поврзани со цената, па дури и боите коишто ќе бидат достапни, по грешка излегоа на листинг на Филипинскиот онлајн маркет Lazada. 

Новиот уред на Redmi ќе биде опремен со "quad" или четворна камера, читач за отпечатоци на задната страна од уредот, веднаш под четворните камери и огромна батерија од 5020 mAh. Уредот ќе биде управуван од MediaTek Helio G80 SoC процесор.

Redmi 9 ќе биде достапен во две варијанти 3GB RAM + 32GB ROM и 4GB RAM +64GB ROM. Верзијата со 32GB меморија во маркетите каде што сега е достапен би била околу 150 долари, а верзијата со 64GB ROM би била околу 200 долари. Како таа цена ќе се преведе кај нас осатанува да видиме.

Новиот уред ќе биде достапен во три бои и тоа: сива, виолетова и зелена. Слики од виолетовата и зелената варијанта на уредот веќе протекоа на интернет. Но имајте во предвид дека Xiaomi сѐ уште официјално се нема огласено за информациите околу уредот.

Новости за уреди

1 коментар

tityenlable

tityenlable

vegas slots online http://onlinecasinouse.com/# play slots play online casino online casino real money

Остави коментар