Galaxy Fold 2 ќе биде претставен на 5-ти Август, дознаваме од сигурни извори

Постирано од Angel Pejev на

Новите "Flagship" уреди на Samsung се очекува да бидат претставени на Unpacked 2020 - дигиталниот настан.

Најновите уреди на Samsung, Galaxy Note 20 и Galaxy Fold 2 ќе бидат претставени уште на 5-ти Август на Unpacked настанот, велат сигурни извори.
Galaxy Fold 2 ќе биде наследник на мега популарниот Galaxy Fold, којшто предизвика многубројни реакции меѓу купувачите поради својот неконвенционален дизајн со екран кој се преклопува, додека пак Galaxy Note 20 е наследник на мега успешниот и веќе добро познатиот Galxay Note 10.

Сѐ уште нема официјални информации директно од Samsung за настанот, но според информации од лице кое за Јужно Корејски весник се претстави како дел од тимот на Samsung Electronics, тие планираат датумот 5-ти август да го искористат за претставување на новите уреди.

Со оглед на ситуацијата со Covid-19 и протестите во САД, се претпоставува дека Samsung нема Unpacked настанот да го одржат на традиционален начин, како претходните години во Њу Јорк. Најверојатно е дека настанот ќе биде одржан во онлајн издание.


Сподели го овој пост



← Постар пост


Остави коментар