iPhone 13 Pro моделите можат да користат Samsung 120 Hz LTPO OLED дисплеј!

iPhone 13 Pro моделите можат да користат Samsung 120 Hz LTPO OLED дисплеј!

Се шпекулира дека новиот iPhone 13 Pro може користи Samsung LTPO OLED дисплеј од 120 Hz.

Samsung минатата година на своите смарт телефони започна да користи дисплеи со висока брзина на освежување која што е 120Hz. Од друга страна, Apple сеуште ја нема имплементирано оваа технологија на iPhone уредите. Фановите на Apple имаа големи очекувања за моделите iPhone 12 дека ке бидат со дисплеи со висока брзина на освежување, но за жал тоа останува за следните модели.

Знаеме дека Apple уредите некои карактеристики ги имплементираат покасно од своите конкуренти, за ова можеме да кажеме дека додека Apple не се осигура во технологијата не ја имплементира на нивните уреди.

Па останува да видиме дали новите iPhone 13 модели ке дојдат со дисплеи со висока брзина на освежување.

Дали на вас брзина на освежување на дисплејот ви има големо значење или тоа не ви игра голема улога?

 

 

 

 

 

 

AppleSamsung

Остави коментар