Windows 11 нуди огромни подобрувања во перформансите во однос на Windows 10
На 24 јуни Microsoft се подготвува да ја претстави новата верзија на Windows, која што ќе биде Windows 11. Неодамна, протекуваше бета верзија на оперативниот систем од програмер и јутјубер Бен Анонимус. Бен зборува за големи подобрувања во перформансите во однос на Windows 10. Сепак, бен тврди дека тој правел прегледи во официјална верзија, а не во бета верзијата.Исто така Бен прикажа и некои карактеристики што не се во бета верзија.
Лаптопот што го користи Бен има Intel Core i7-10875H процесор и NVIDIA GeForce RTX 2070 графичка карта . Бен Анонимус прво ни го рефлектираше времето за подигнување на новиот оперативен систем. Времето, што е 16 секунди во верзијата на Windows 10, паѓа на 13 секунди во новиот оперативен систем.
Покрај тоа, единечните и повеќе јадрените перформанси се зголемуваат во Windows 11 на тестот Geekbench. Резултатот на единечно јадро достигнува 1138 поени во Windows 10, а на Windows 11 резултатот е покачен на 1251 поени. Доека кај повеќе-јадрениот резултат на Windows 10 достигна 6284 поени, на Windows 11 резултатот е покачен на 7444 поени. Според овие тестови можеме да кажеме дека уредите што ќе го користат новиот Windows 11 ќе добијат значително подбри перформанси.