GTA 5 од денес БЕСПЛАТНА на Epic Games Store

Постирано од Angel Pejev на

Epic Games Store ги изненади своите корисници со до сега невидена понуда. GTA 5 - играта што заработи најмногу во последната деценија, Epic ја доделува на своите корисници тотално бесплатно.

Овој настан предизвика и несакани последици за веб страната на гигантската компанија, којашто за краток период изброи голем број на новодојдени корисници. Веб страната беше падната на краток период, но Epic реагираше брзо и ја врати во полн капацитет.

Нивните проблеми не завршија само со паѓањето на нивниот веб сајт, набргу на Reddit се појави и фотографија на која наводно се гледа кои игри се на ред Epic да ги дели бесплатно на нивната платформа за продажна на игри (Epic Games Store)

Побрзајте, регистрирајте се на Epic Games store и може да ја подигнете својата копија на GTA 5 и да ја задржите засекогаш.

Линк: https://www.epicgames.com/store/en-US/product/grand-theft-auto-v/home


Сподели го овој пост



Понов пост →


Остави коментар