Apple официјално го закажа првиот настан во 2021

Apple официјално го закажа првиот настан во 2021

 

Како и секоја година Apple го закажа првиот настан, но и оваа година ќе биде како во 2021 настанот ќе се одвива онлајн. На 20 април 2021 година од 20:00 часот настанот ќе може да се следи во живо преку apple.com. 

Засега не е познато кои производи ќе бидат претставени. Сепак, многу извори за кои се знае дека се блиски со Apple се сигурни дека на овој настан ќе бидат претставени нови модели iPad Pro и AirTag.

Покрај тоа, меѓу споделените информации е дека новата генерација AirPods и новите модели на Apple TV ќе бидат објавени на овој настан.

Исто така некои извори шпекулираат дека Apple може да претстави нови модели на MacBook Pro со 14 и 16-инчни екрани.

На нас секако ни останува да бидеме стпливи уште 5 дена и да видиме што официјлно ќе биде претставено на првиот настан на Apple во 2021.

AppleApple event

Остави коментар