Објавен е Android 12 Beta - Еве ги новите функции!

Објавена е бета верзијата на Android 12, најкористениот оперативен систем во светот на смартфони. Еве ги сите новитети и детали на новиот оперативен систем.

Android, најчестиот оперативен систем во светот, кој го користат милијарди паметни телефони, се развива и се обновува. Android 12, најновата верзија на оперативниот систем, која секоја година го ажурира Google, беше прикажан на I/O настанот што се одржа денес.

Еве ги сите новости во оперативниот систем што се уште е во бета и е достапен за само за неколку уреди.

 

Со Android 12 дизајнот се менува од глава до пети!

Android 12, кој ќе дојде со најголеми промени во дизајнот, е визуелно скоро целосно обновен. Со цел да понуди поприлагодливо искуство, Google ќе го прилагоди вашиот телефон да одговара на вашиот стил со посебна палета на бои и редизајнирани додатоци.

Фокусирајќи се целосно на прилагодувањето и корисничко искуството, оперативниот систем ќе може да разликува кои бои се подоминантни со скенирање на позадина на телефонот (wallpaper). Откривајќи ги овие бои, Android 12 ќе го направи целиот интерфејс компатибилен со вашата позадина. На овој начин, корисниците ќе видат многу похармонична тема, заклучен екран, контроли на јачината на звукот, нотификации и слично.

Исто така со Android 12 сите анимации ке бидат подобрени така што вкучување, исклучување апликацци користење на телефонот ќе биде по ефикасно во визуелност. Што ќе придонесе самиот оперативен систем да се чувствува многу поживо.

 

 

Безбедността ќе биде подобрена

Безбедноста, која често ја споменува Apple, е исто така на агендата на Google. Android 12 ќе вклучува нови функции кои обезбедуваат поголема транспарентност за тоа кои апликации можат да пристапат до вашите податоци. Благодарение на новиот систем, ќе можете да одлучите кои апликации да имаат пристап во вашите приватни податоци.

Новата табла за приватност ќе ви помогне да следите до какви податоци се пристапува, колку често и кои се тие апликации. Исто така во моментот кога некоја апликација ке го користи микрофонот или камерата ке добиете известување на горниот дел од екранот.

 


Поголема ефикасност


Оптимизирање на ефикасноста со Android 12, обезбедува сериозно олеснивање во користењето на јадрата на процесорот во споредба со претходните верзии. Така што, оперативниот систем со помалку натоварување на хардверот го прави вашиот Android уред побрз и поефикасен.

 

 

Оваа оптимизација, која исто така има сериозно влијание врз перформансите на батеријата, овозможува батеријата на телефонот да трае многу подолго. Особено корисниците кои поминуваат многу време со нивните телефони ќе бидат премногу задоволни од оваа вест.

Што мислите вие за новостите што ќе пристигнат со Android 12?

Остави коментар